Мегафон

Концерт на Исмаил Лумановски класик трио во Битола

Концерт на Исмаил Лумановски класик трио во Битола

Откако го „кренаа на нозе“ Истанбул, светски познатите музичари кои потекнуваат од Битола, кларинетистите Исмаил Лумановски и Игор Бакревски и пијанистката Марија Вршкова ќе настапат заедно во родниот град.

На концертот закажан за 22 февруари во Центарот за култура – Битола, музичарите ќе изведат дела од Феликс Менделсон, Амилкаре Понкиели, Џералд Коен, Бела Барток, Анте Гргин и Боки Милошевиќ.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба наскоро, а ќе може да се набават во билетарницата на Центарот за култура – Битола. Концертот е со почеток од 20.00 часот.