Мегафон

Концерт: Вечерва во Чикаго, Четкар ја завршува турнејата во САД

Концерт: Вечерва во Чикаго, Четкар ја завршува турнејата во САД

Владимир Василевски Четкар вечерва, вторник, 13 февруари 2018 година, придружуван од септет ќе настапи во Чикаго во „Зипо“ (Xippo), со што ќе ја заокружи зимската турнеја во САД, во чии рамки беа опфатени и настапите во Њујорк, Кливленд и Детроит. 

Четкар таму настапи во едни од најпопуларните американски џез-клубови како што се „Најттаун“ (Nighttown) во Кливленд, „Мјузик хол џез-кафе“ (Music Hall Jazz Cafe) во Детроит и „Би-Би Кинг блуз клаб“ (BB King Blues Club) во Менхетен, Њујорк.