Мегафон

Креативна работилница: „Декемвриска магија“

Креативна работилница: „Декемвриска магија“

„Декемвриска магија“ е креативна работилница која ќе трае пет дена (21,22,23,26 и 27 декември) во организација на КАТ Продукција. Наменета е за деца на возраст од 5 до 12 години.

„Ако сакате вашето дете да ја почувствува магијата на Нова Година и Дедо Мраз донесете го на нашата Креативна работилница. Пет работилници по два часа во кои ќе ги пишуваме нашите писма и желби, ќе ги цртаме нашите соништа, ќе ги учиме најубавите Магични текстови за Дедо Мраз и ќе ги пееме и играме најубавите новогодишни и божиќни песни“ – вели Татјана Гогоска, раководител на настанот.

Овој интересен детски проект се разликува од останатите по тоа што сите деца – учесници ќе бидат облечени во костимите на Дедо Мраз или Баба Мразица, потоа ќе учат кореографија, ќе пишуваат писма до Дедо Мраз, текстови, ќе цртаат цртежи и ќе изработуваат елфови. Јаготката на шлагот е тоа што целокупната магија ќе биде заокружена со учесвото на Новогодишниот Базар во еден познат скопски мол.

„Секое дете ќе добие свој новогодишен костим за подарок, а сите работи што ќе си ги направи ќе бидат негов спомен. Претстојат и тековни изненадувања . Ќе си направиме забава за паметење“ – објаснува Гогоска.

Вакви работилници се организираат на многу места и се многу посетени, ова е прва од ваков вид кај нас затоа ги повикуваме децата да дојдат и едноставно ја доживеат сета магија“ – додава Гогоска.

Пријавувањето е до 15. декември на Фејсбук страната на КАТ Продукција или на телефонот кој е објавен на страницата.