Мегафон

Марија Шерифовиќ за првпат на концерт во Скопје

Марија Шерифовиќ за првпат на концерт во Скопје

Единствената српска победничка на најголемиот музички настан – „Евровизија“, Марија Шерифовиќ одлучи да ги израдува сите свои обожаватели од Македонија и на 17 март 2018 година во ВИП арената „Борис Трајковски“ да одржи концерт за паметење!

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови како што се: „Молитва“, „Бол до лудила“, „Паметна и луда“, „Горка храброст“ и многу, многу други.

Билетите за овој концерт, кој се оддржува за првпат кај нас, пуштени се во продажба  и истите може да се набават на сите продажни места на „Купи карти за сè“, „Пола Југотон“, „Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.