Мегафон
Концерт

По 20 години Мишо Ковач во Скопје

По 20 години Мишо Ковач во Скопје

По долги 20 години македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач, Мишо Ковач.
На 17 февруари 2018, во Скопје, во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се случува вистински концертен спектакл.
Во месецот на виното и љубовта домашната публика за последен пат во Скопје, во живо ќе може да ги слушне омилените: ,,Ти си песма моје душе,, Остала си увјек иста,,. ,,Један дан живота,,,,, Aко ме оставиш,, …
Oчекувајте концерт кој ќе Ве врати во едни убави времиња, концерт кој ќе Ве развесели и ќе Ви ја разнежни душата.
Билетите за овој настан може да ги набавите преку продажната мрежа на kupikartizase.com, 1/2Југотон, Југотон и Розе Веро 2.