Мегафон

По лондонскиот живот, Сања Лефкова му се врати на скопскиот – поинаква и со нови цели!

По лондонскиот живот, Сања Лефкова му се врати на скопскиот – поинаква и со нови цели!

Македонската поп пејачка Сања Лефкова Христова веќе две години живее во англиската престолнина Лондон.

Тргна да се усоврши на неколку месеци, потоа го повлече и семејството. Таа таму почна музичка кариера, сопругот готвачка, детнцето… свој живот, воспитување и едукација.

Таму се пријави и на „Британија има талент“, а пак сопругот стана шеф во кујната на ресторанот на најпознатиот готвач на светот – славниот Џејми Оливер!

Но, никаде не е како дома, па пејачката деновиве повторно се врати во Скопје и за Вистина.мк открива дека работи на нова модерна балада насловена „Почеток и крај“.

Деновиве Сања снима и видео спот со„Томато продукција“, потпомогната од стилисти и кои се погрижија таа да изгледа женствено и поралично од порано.

Лондон се уште останува нејзина одредница, како и настапите таму, но пејачката не ги запоставува ниту студиите на универзитетот МИТ- чие наедно е заштитно лице.

Како ќе звучи и изгледа во „Почеток и крај“, ќе видиме наскоро…