Мегафон

Сани се породи: Гордиот тато веднаш се пофали и го откри името на бебето!

Сани се породи: Гордиот тато веднаш се пофали и го откри името на бебето!

Поминаа девет месеци безгрижна бременост за фолк пејачката Сани Гроздановска која синоќа на свет роди здраво женско бебе и по вторпат се оствари во улогата на мајка.

Убавата вест на социјалните мрежи веднаш ја сподели пресреќниот тато Мартин која напиша дека се чувствува среќно со својата сопруга која му роди ќеркичка што го доби името Ева.

Имено, Сани се породи во една од приватните скопски клиники, но веднаш по породувањето и таа се активираше на социјалните мрежи, за да им се забалагодари на сите оние кои од утрово им пратија честитки за добредојде на малата принцеза.

За потсетување, Сани летово во поодмината бременост направи свадба, а претходно живееја заедно со саканиот.

Честитки!