Мегафон

Сеќавање на македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

Сеќавање на македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која настапувале низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.

F79E11383BAC7E47A131DC925C1CC9AC

Во 1994 година на Фолк фест Валандово со песната „Дали чекаш стара мајчице“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк фест Валандово му донесле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколку пати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце фест“.

Гоце Арнаудов зад себе оставил  голем број хитови како „Огин и пламен“, „Ај да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Штом ноќта помине“… и многу други.

goce-arnaudov-640x393

Често настапувал за нашинците  во Европа, Америка и Австралија, а учествувал и на голем број добротворни концерти.

Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, по што  раководството на областа му доделува награда за пејач на деценијата и го прогласиле за почесен граѓанин.

Секогаш весел и насмеан, со неговите песни  тој  ќе ја збогати македонската фолк сцена.

По неговата смрт родната Струмица му подигна споменик поставен во малиот парк во центарот на градот, како паметник за вечено сеќавање на големиот уметник. Неговиот пат ќе го продолжи неговата ќерка Кристина Арнаудова, која е денес позната македонска поп пејачка. Како и годиниве наназад, денес таа со емотивен статус на Фејсбук се потсети на својот татко:

 

Гоце Арнаудов во далечната 1995 година на фестивалот на македонски новосоздадени фолк песни со патриотска содржина „Гоце Фест 95“ ја напиша и отпеа и една од највпечатливите македонски песни, „Проклети да се предавниците“. Песна која отсликува еден народ, неговите верни синови и туѓи поданици, неговите патриоти и предавници, неговите јунаци и платеници… Македонскиот, напатен, ама сепак непокорен, кој отсекогаш страдал токму од „своите“, кој многу повеќе видел мака од домашните јаничари отколку од туѓите окупатори, многу повеќе крв проплукал и солзи пролеал од домашниот пиреј… отколку од поробувачите што сакале да му ја сотрат семката.

Сосед на соседот очи му вадел, другар другарот го убивал, брат – брата предавал… го ставал в зандани за неколку златни алтани. Така било и за жал, така се’ уште е. Затоа толку многу години и векови  Македонецот и своја држава не создал, затоа никогаш како што треба не прокопсал, затоа сонце долго не го огреало, затоа со векови  аир не видел… Зашто меѓусебе ги имал, токму нив –  проклетите предавници. Тогаш, сега, а веројатно и уште долго… Оти историјата покажува дека времињата се менуваат, ама проклетилакот, за жал, како генетски да ни е запишан во кодот… Затоа и постојано доаѓаме на истото дереџе, затоа секогаш мораме да почнуваме одново и одново… Проклети да се предавниците… Тогаш, сега, засекогаш!

“Проклети да се предавниците
Својот народ што го продале
И во гробот штом ќе лежат
Тие пари да им тежат
Како казна, Божја пресуда,

Проклети да се предавниците
Својот народ што го продале
Пиреј да им расте в душа
Усни да им гризе суша
Светот да ги колне довека
Како казна, Божја пресуда”