Мегафон

Следниот месец доаѓа продолжен викенд

Следниот месец доаѓа продолжен викенд
Oсми декември, Св. Климент Охридски е последниот неработен ден за сите граѓани годинава. Овој ден се паѓа во петок, па ќе се отвори можност за продолжен викенд и мала оддишка од работните обврски.

До крајот на годината, неработен ден имаат граѓаните од албанско етничко потекло кои на 22 ноември, во среда ќе го слават Денот на Албанската азбука.

21 декември, четврток е неработен за граѓаните Турци кои го слават Денот на наставата на турски јазик.

На 25 декември продолжен викенд ќе имаат и сограѓаните католици бидејќи тогаш, тие го празнуваат католичкиот Божиќ.

 извор:курир