Мегафон
настан кој не се пропушта

Василичарски џез концерт во Бистро Скопје на JB Quartet

Василичарски џез концерт во Бистро Скопје на JB Quartet

„JB Quartet“ на 12-ти и 13-ти Јануари ќе одржат два концерти во фантастичниот амбиент на новиот блуз и џез ресторан во центарот на Скопје, на местото на поранешната пекара Мекиците од Стража. Концертите се воорганизација на Бистро Скопје и Чув де Чув.

Извонредните шефови Жика и Рубин ќе подготвуваат специјалитети со плескацица од првокласно телешко месо, бри, капини… Специјалитети кои апсолутно мора да ги пробате. Гостите ќе имаат и можност да изберат врвни вина од богатата винска карта со промотивен попуст на вината наТиквеш кои се поддржувачи на настанот.

А кои се JB Quartet? Предводени се ододличната џез вокалистка со големо искуство, ЈасминаБеличанска. Членуваат и еден од најпознатите македонски музичари, басистот Оливер Јосифовски кој е основач на Љубојна и поранешен член наФолтин, младиот пијанист Филип Димишковски и на ударни инструменти Бодин Попов од групата Beta House. На специјалниот Василичарски концерт ќе изведат маестрални кавери наЕјмиВајнхаус, Vaya Con Dios и слични артисти.

Како да присуствувате? Заприсуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места во Чув де чув на 078 52 05 52 или наchuvdechuv@gmail.com

Уживајте во прекрасната музика и храна во новото задолжително место за посета во Скопје – Бистро Скопје.