Промотер

Андријана Јаневска и детскиот хор „Ангелски глас“ Ви ја подаруваат – „Божиќ без музика“

Андријана Јаневска и детскиот хор „Ангелски глас“ Ви ја подаруваат – „Божиќ без музика“

„Каде и да си, за Божик дома да си! Ви посакувам среќни празници со мојата најнова песна! Благодарност до детскиот хор „Ангелски глас“ кој ме придружува! Уживајте со најмилите!“ – со овиезборови македонската пејачка и класичен уметник и педагог Андријана Јаневска им го честита на Православните Христијани најголемиот христијански празник Божиќ – Рождеството Христово, подарувајќи им ја својата најнова божиќна песна насловена „Божиќ без музика“.

Се работи за наменска песна  која го воспева и слави големиот христијански празник, чиј автор на музиката и аранжманпт е самата Андријана Јаневска. Стиховите ги напишала Сузана Костадинова, а како што самата Андријана напоменува, во пеењето вокално ја придружува детскиот хор „Ангелски глас“. Сето ова е снимено и продуцирано во нејзиното семејно музичко студио „Гиновски“.

Слушнете ја божиќната песна на Андријана и „ангелчињата“ во продолжение: