Промотер

„Ексцес“ честат со „Дом Перињон“ (ВИДЕО)

„Ексцес“ честат со „Дом Перињон“ (ВИДЕО)

Скопското хип-хоп дуо „Ексцес“ го претстави видеото за својот нов сингл насловен „Дом Перињон“, за кој момците велат е нивниот најголем проект досега. Дуото составено од Андреј Трајковски – Тракер и Јовица Трајковски – Јоцифер се потпишува и на стиховите и аранжманот, а музиката и продукцијата се на „Урбан рекордс“.

21762115_902447799911275_5796637744554534384_n

Потписот на „Урбан рекордс“ стои и на видеото што го режираше и монтираше Гордан Божиновски, по сценарио на Иван Солунчев, а за сценографијата се погрижи Борис Ташковски, кој заедно со Мартин Атанасовски се појавува и како танчер. Покрај нив, во видеото снимено со поддршка од „Вингер Македонија“ (WingAir Macedonia) улога доби и Стефанија Данилова, а како изгледа и звучи „Дом Перињон“ на хип-хоп дуото „Ексцес“ можете да погледнете подолу.