Промотер

Ивана Коскоска препеа хит од Џенифер Хадсон – „One Night Only“ (ВИДЕО)

Ивана Коскоска препеа хит од Џенифер Хадсон – „One Night Only“ (ВИДЕО)

После одличната преработка на „Како тебе нема друга“ од нашиот Влатко Лозаноски, талентираната охриѓанка Ивана Коскоска деновиве го објави видеото од нејзината верзија на баладата „One Night Only“ од бродвејскиот мјузикл „Девојки од соништата“ (Dreamgirls, 1981), а подоцна и истоимениот филм од 2006 година, каде што ја пее американската пејачка и актерка Џенифер Хадсон.

Изведбата на Коскоска е снимена во музичкото училиште „Мјузик рум“, а на пијано ја придружува добро познатата пејачка и авторка Анита Мицова, која е дел од тимот на училиштето. Како звучи „One Night Only“ отпеана од Ивана можете да слушнете во продолжение: