Промотер

Јана Бурческа рака под рака со „Стиховен калибар“ – резултатот е „Содом“ (АУДИО)

Јана Бурческа рака под рака со „Стиховен калибар“ – резултатот  е „Содом“ (АУДИО)

По 6 годишна пауза, раперот кој се крие зад псевдонимот „Стиховен калибар“ повторно има нова песна, овој пат во соработка со нашата последна евровизиска претставничка, Јана Бурческа.

Станува збор за темата со наслов „Содом“, која се осврнува на падот на моралот во Скопје, кој по својата расипаност и развратност се повеќе станува олицетворение на библискиот Содом.

 Брус Халтер на гитара, Саша Стефановиќ на бас и Владимир Ружичиќ Кебац на тапани, сите од Србија, се музичарите кои ја напишале и отсвиреле темата, додека стиховите се на самиот „Стиховен калибар“. Како звучи неговиот „Содом“ можете да слушнете во продолжение: