Промотер

„Јано, Јановице“ е новиот видеоспот на СИНТЕЗИС (ВИДЕО)

„Јано, Јановице“ е новиот видеоспот на СИНТЕЗИС (ВИДЕО)

Темата „Јано, Јановице“ се првиот пилот сингл и видео новиот албум „Остров“, кој  е осми по ред на најдобрата и најпознатата македонска етно – група „Синтезис“! Тој како и претходните донесува епски композиции кои се натопени со македонска традиција и влијанија од тоа што се нарекува светска музика (world music).

Албумот содржи седум песни, меѓу кои насловната „Остров“, „Мома Катерина“, „Дима љубит самовила“, „Смиљана ми се армаса“, како и оваа – „Јано, Јановице“, за која е снимен  видеоспотот. Материјалот за албумот е снимен во студиото „Подрумот“ на Анѓел Ќосев, а издавач е „СЈФ рекордс“. Како гостин на „Остров“ во две песни се појавува и легендарниот Влатко Стефановски.

Видеото е снимено на неколку локации во центарот на скопје, како и во еден познат скопски угостителски локал.