Промотер

Осум македонски музички ѕвезди ја снимија божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Осум македонски музички ѕвезди ја снимија божикната песна „Вечниот Бог“ (ВИДЕО)

Македонските музички поп ѕвезди Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“ и Златните славејчиња, деновиве, во продукција на „Веста“, на неколку локации во Скопје, го снимаа видео-спотот за божиќната Вечниот Бог“.

Оваа песна децата низ земјава во овој претпразничен период интензивно ја учат и се подготвуваат за учество на бадниковата манифестација „Бадникови поворки“, која денес, на 6 јануари ќе се случува низ улиците на сите градови во Македонија како возобновена православна традиција на свечено, величествено и достоинствено најавување на Христовото раѓање.

Осумте ѕвезди од македонската естрада, кои учествуваат во реализацијата на проектот „Бадникови поворки“, и овој пат изјавија дека се пресреќни што се заедно, што се дружат и се сплотени во промовирањето на вистинските вредности пред своите фанови и македонскиот народ воопшто, чиишто амбасадори се токму тие.