Промотер

Перо Пандиловски си најде „Девојка за секое време“ (ВИДЕО)

Перо Пандиловски си најде „Девојка за секое време“ (ВИДЕО)

Речиси една година од последната негова песна „Неверна“ пејачот Перо Пандиловски деновиве го претстави видеото за својата најнова песна насловена „Девојка за секое време“. Зад оваа 10. песна во досегашната кариера на Пандилоски застана Јован Василески, кој се потпишува на музиката и стиховите, додека аранжманот го направи Гоце Симоноски, а сето тоа е снимено во студиото на Лазар Цветкоски.

За екранизацијата на новата песна, пак, се погрижи екипата на „Прокем продакшн“ (PROCAM Production), а снимањето се одвиваше на повеќе локации во Охрид, Св. Наум и Маврово. Покрај Перо, во видеото се појавува и убавата манекенка  Ангелина Китановска.

Како изгледа и звучи неговата „Девојка за секое време“ можете да видите и слушнете во продолжение: