Промотер

Сара Мејс на музичката прошетка низ нејзиното „Време“ (АУДИО)

Сара Мејс на музичката прошетка низ нејзиното „Време“ (АУДИО)

По највниот сингл „Небо“ од новиот албум  „Floating through space with Sarah Mace“  македонска музичка ѕвезда Сара Мејс одново „полета“ со новата песна „Време“. Таа деновиве беше пуштена  во македонскиот етер, а радио станиците веќе им ја сервираа на илјадници љубители на музиката.  Во меѓувреме,  „Време“ се најде и на телевизиските како и на интернет каналот YouTube.

Музиката на „Време“  комплот од заедничка работа на самата Сара, Дејан Митовиќ и Неврус Бајрам, а стиховите се само нејзини. Аранжманот го направиле Дејан Митровиќ, Неврус Бајрам, Сара Мејс, Иван Петровски и Александар Ванчовски. Снимена е од Ивица Јанкуловски и микс и мастер е Горан Гешовски.

Албумот „Floating through space with Sarah Mace“ е авторско дело на Сара Мејс и нејзиниот тим. Издвач е „Пасворд продукција“. Продуцент е Горан Гешовски, а албумот е  снимен во студио „Алшар“ од Ивица Јанкуловски и на него покрај Сара уште свират и пеат: Гитари – Иван Петровски, Неврус Бајрам, Клавијатури- Филип Димишковски, Бас гитара – Дејан Митровиќ, Тапани – Александар Ванчовски,  Вокали – Сара Мејс, Калина Велковска, Теа Богатинова.

Еве како звучи музичката прошетка со Сара Мејс низ нејзиното „Време“.