Промотер

Сефедин Бајрамов се враќа со „Еден ден ќе ме бараш“ (ВИДЕО)

Сефедин Бајрамов се враќа со „Еден ден ќе ме бараш“ (ВИДЕО)

„Еден ден ќе ме бараш“ е најновото музичко остварување на битолчанецот Сефедин Бајрамов. Музичкиот спот е изработен со одбрана екипа, а својата промоција ќе ја доживее в среда во Битола, со гости на добро познати музички имиња од домашната естрада.

Бајрамов е добро познат не само на македонската сцена, туку и надвор од неа, и по подолго време се јавува со нова композиција која нема да никого да го остави рамнодушен. Текстот е на Огнен Неделковски, автор на музиката е Марјан Нечак, додека аранжманот е на Давор Нечак. Промоцијата на ова музичко остварување  се случи во големата сала на Центарот за култура – Битола. Како што беше кажано на средбата со медиумите, промоцијата беше проследена со учество на познати музички имиња од македонската естрада.

Темата е многу провокативна и поводот можеби малчку и личен, но како што вели Сефко, во него секој може да се пронајде. Ова најново музичко остварување немаше да ја дочека виделината доколку, како што вели Бајрамов, зад него не застанеа угледни и еминентни компании кои финансиски го подржаа проектот. Поголемиот дел од спотот е снимен на неколку локации во соседна Грција, за кои било потребна не само морална, туку и финансиска помош.

Проектот е реализиран со екипа на ТВ Антена од Солун, но и македонската екипа на продукцијата Генарал на Дарио Јанковиќ. По битолската промоција ќе следува и промоција за целокупната македонска јавност во Скопје.