Промотер

(ВИДЕО) „Добро утро тајно“: Ристе Ристески го промовира првиот спот!

(ВИДЕО) „Добро утро тајно“: Ристе Ристески го промовира првиот спот!

Изминатата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дефинитивно ќе ја паметиме по победата на охриѓанецот Ристе Ристески, кој успеа меѓу многуте финалисти на шоуто да биде прв и да освои награди од продукцијата и секако да се стекне со поголема популарност во регионот.

Оттогаш поминаа неколку месеци, Ристе го зема заслужениот автомобил, а во месец октомври ја најави и својата прва песна насловена „Добро утро тајно“. Сега, со почетокот на годината, тој го објави и своето прво видео во кариерата.

Со огромна чест и задоволство ви ја честитам Новата година и ви го претставувам веќе долгоочекуваниот спот за мојата прва песна. Премногу сум возбуден и едвај ги чекам реакциите од сите вас. Се надевам дека ќе ви се допане! Уживајте!, напиша Ристе за својот музички новитет.

Песната е отпеана на српски јазик, а изработена од композиторот и текстописец  Бане Опачиќ, додека видето е во реализација на Даниел Јовески.

Погледнте и уживајте во првата балада на Ристе: