Промотер

(ВИДЕО) Горан Наумовски и Папаз ги здружија силите за „Твој засекогаш“

(ВИДЕО) Горан Наумовски и Папаз ги здружија силите за „Твој засекогаш“

Македонскиот поп пејач Горан Наумовски заедно со саксофонистот Горан Папаз неодамна ја промовираа нивната заедничка нова песна насловена “Твој засекогаш”.

Како што вели и самиот пејач, освен досегашните соработки кои ги имал со Аренси бенд, ова е негова прва студиска соработка со Горан Папаз и од истата е премногу задоволен.

Песната инаку  е комплетно дело на Иле Спасев, кој ги напишал музиката и стиховите и го направил аранжманот за песната. Покрај Наумовски како придружен  вокал се појавува и Панче Касапски. Видеото пак, го изработил Ѓорѓи Крстевски  и неговата продукција КМ Ентертејмент.

Во продолжение погледнете го видеото во кое како главен женски лик се појавува Сања Стојковска.