Промотер

(ВИДЕО) Лозано во новата песна пее: „Камо тебе да те имам“

(ВИДЕО) Лозано во новата песна пее: „Камо тебе да те имам“

Познатиот поп пејач Влатко Лозаноски – Лозано 2018 година ја стартува со нова песна за својата публика. Лозано во етер ја пушти неговата нова песна која носи наслов „Камо тебе да те имав“.

Синглот промотивно беше испратен до сите радиостаници во земјава, а истиот има и лирик-видео направено од„Mister Cat Entertaiment“.

Сигурен сум дека и оваа песна ќе си го најде патот до публиката. Таа беше готова веќе подолго време, но со тимот одлучивме дека сега е вистинско време за неа. Имаме уште неколку готови песни кои наскоро ќе бидат промовирани – накусо ни изјави познатиот пејач.

Инаку и позади оваа песна како автори се потпишуваат хит-мејкерите Лазар и Магдалена Цветковски.