Промотер

(ВИДЕО) The Black & Vice Social Club ги промовираат песната и спотот за „Home“

(ВИДЕО) The Black & Vice  Social Club ги промовираат песната и спотот за „Home“

Скопскиот алтернативен рок состав The Black& Vice  Social Club преку социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб деновиве ја промовираат темата насловена „Home“ и спотот за истата.

Станува збор за нумера на англиски јазик, која има интересна и откачена приказна во спотот каде во главна улога е актерот Рубенс Муратовски. Публиката засега реагира одлично на оваа новина на бендот кој секогаш нуди музика за љубителите на алтернативното.

Песната е аворско дело на момците од бендот, додека текстот го потпишува Ади Имери кој е вокал и гитарист во The Black& Vice  Social Club, спотот е во изработка на Мерт Аслани, а темата е миксана и масретизирана од Ади Имери и Гоце СаФ

Имено, групата ја сочинуваат: Горјан Стојменовски на гитара,Симеон Пеоски гитара, Стефан Стојчев на бас, Благоја Антовски на тапани и Ади Имери вокал и гитара.

Погледнете: