Радио Милева

Цеца се мажи за лекар!? (ФОТО)

Цеца се мажи за лекар!? (ФОТО)

„Српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ е навикната постојано да има маж покрај себе!  Кога го нема, нејзе и е здодевно. Таа не може да биде во врска со „обичен  смртник“, ниту пак има можност да запознава  обични мажи. Сепак, Цеца, по долго време, конечно  ќе вплови во љубовна врска пред Нова Година. Поразително е ѕвезда од таков калибар да ја чека сама Новата Година, ама овој пат ѕвездите ќе и  бидат наклонети и ќе и го испратат вистинскиот човек токму тогаш кога и е најпотребен.

Тој ќе биде лекар кој е  помлад седум или осум години од неа. Станува збор за вистински човек кој ќе може да го носи товарот на нејзината слава. Цеца ќе ја освои со својот изглед и ставот дека не сака јавно да се експонира“ – тврди за српскиот ВИП магазин видовитиот претскажувач на судбината, популарниот  Витомир Томиќ, попознат како Вита Тарот и нагласува дека картите во случајот на Цеца се јасни и тој со сигурност може да потврди дека пејачката конечно ќе биде среќна во љубовта.

„Цеца првично ќе биде во тајна врска со него, но медиумите наскоро ќе откријат дека таа влетала во љубовна романса. Се чини дека таа ќе се вљуби и конечно ќе биде задоволна“ – вели „тарот – царот“ при отворањето на последната тарот карта, која покажува дали на пејачката и следи брак.

„Еве, картата покажува дека постои голема веројатност Цеца да се омажи. Јасно е како ден дека конечно ќе најде пристоен човек, кој ќе и парира во сè и со кого ќе биде подготвена да живее до крајот на својот живот. Таа ќе се омажи за него кон крајот на следната година, во најголема тајност. Тој човек ќе биде толку моќен што ќе ја потсетува покојниот Аркан“ – ја завршува својата претскажувачка тарот-сеанса видовитиот Вита, давајќи конечен одговор на прашањето за кое се интересираат сите обожаватели на Светлана Цеца Ражнатовиќ.