Радио Милева

Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО)

Џесика има најубави балони: Македонската фолкерка го најави денот на љубовта и виното! (ФОТО)

Македонската фолкерка Џесика Палашоска важи за една од најнадарените на естрадата. И тоа во секој поглед. Пејачката навистина поседува раскошни атрибути, на кои многу нејзини колешки не само од Македонија, можат да и позавидат.

Бујна и однапред и одзади, пред некој ден се пофали стегната во тесните шарени хеланки, кои го отцртува секој детал на нејзиното тело…

Февруари е месец на љубовта. Особено денот… 14 февруари. Едни ја слават љубовта и Свети Валентајн, други виното и вистината во него, славејќи го Свети Трифун, трети обата празника, пиејќи или од љубов или заради невозвратена љубов…

Токму заради тоа Џесика реши својата најнова фотосесија која ја реализираше пред објективот на фотографот Стојанче Цавироски да им ја посвети на вљубените и винопиите.

А во неа, згодната битолчанка со круна на главата, како фолк кралица среде безброј црвени балони, ги истакнала сиот свој сексапил и убавина, потсетувајќи ги своите обожаватели, но и сите други дека љубовта е она нешто што на сите ни треба.

Гледајќи ја на фотографиите, на оние најновите ама и на оние постарите не можете а да не дојдете до заклучок дека Џесика ги има најубавите балони…

Особено, оние – љубовните… А вие, на кои и да помисливте дека ова се однесува, на оние црвените или на некои други – сосема сте во право! Џесика навистина има најубави балони!

Кој не верува, да го потсетиме: