Радио Милева

(ФОТО) Австралија се топи на 47 степени, а Татјана Лазаревска се распосла на плажа со еден шок детаљ на себе!

(ФОТО) Австралија се топи на 47 степени, а Татјана Лазаревска се распосла на плажа со еден шок детаљ на себе!

Додека ние се гушиме во загаден воздух, магла и бегаме на потопло место, за фолк пејачката Татјана Лазаревска летото во Австралија штотуку почна и тоа со неверојатни 47 степени целзиусови.

А на таква жештина, кога се има прилика и можност – се оди на плажа.

Тоа го може Татјана и нејзиното семејство кои веќе неколку години живеат и работат во Австралија. Дека Новата година и почна жешко, Татјана објави неколку фотографии од плажа и му посака добредојде на летото и врелото сонце.

Наместо да се засолне од силните сончеви зраци, пејачката реши да фати повеќе тен, па се соблече во бикини и ги распосла своите облини.

А на така жешко време кој не би посакал да симне се од себе, но Татјана остана нешто подискретна и покриена со наметка. Она што не го заобиколи ниту за на плажа е шминката.

Па така за да биде уште повпечатлива, стави син кармин на себе, а во иста нијанса ги нашминка и очите. Ова сигурно не и требаше, но што е тука е, вака е оригинална македонска австралијанка.