Радио Милева

(ФОТО) Караман на 46 години чека дете со 20 години помлада девојка – еве ја избраничката!

(ФОТО) Караман на 46 години чека дете со 20 години помлада девојка – еве ја избраничката!

Познатиот турски актер Озчан Дениз на свои 45 години за првпат ќе стане татко и сопружник.

Неговата избраничка е 20 години помладата Фејза Актан која е бремена и носи машко дете.

Турските медиуми на големо пишуваат за оваа вест, а она што е познато за Фејза е тоа дека е родена во Анталија, но живее во Истанбул.

Озчан и Фејза беа во врска околу една година, а тој веќе ја запознал и со семејството.

Се пишуваше дека свадбата ќе се случи на 10-ти ноември, но како што кружат шпекулациите, свадбата ќе се случи откако невестата ќе се породи.