Радио Милева

(ФОТО) Мачка ипол: Елена го „запали“ Инстаграм стегната во црна мрежа, но еден детаљ веднаш „паѓа во очи“!

(ФОТО) Мачка ипол: Елена го „запали“ Инстаграм стегната во црна мрежа, но еден детаљ веднаш  „паѓа во очи“!

Независно дали е професионална фотосесија или пак изведена во домашни услови пред огледало, нашата македонска поп-принцеза Елена Ристеска, обожава да се фотографира.

Кога жената е задоволна од тоа како изгледа и е полна со самодоверба, времето и местото за нова фотка и не баш се многу важни.

Затоа Еленче најслободна и опуштена се чувствува кога е дома, на свој терен, па го зема мобилниот во рака и почнува со правење селфи, секако за на социјалните мрежи.

Зимата е период кога повеќето го подготвуваат своето тело за топлите денови кога треба да се покаже повеќе кожа, а Елена не остава ништо на случајноста, па се почесто го искачува Водно.

А кога силно ќе светне сонцето во топлите летни денови, да има што да покаже. А и навистина има!

Овој пат резултатите од здравиот начин на живот и вежбањето, ги покажа стегната во црна мрежа од која на прв поглед се истакнуваат нејзините тенки нозе, дури никогаш потенки, како на манекенка.

Од оваа жешка фото провокација, веруваме ќе се сложите дека Ленка стана како вистинска манекенка иако живееме во време кога облините се во тренд!