Радио Милева

(ФОТО) Македонец импресионираше во „Ѕвездите на Гранд“, а по настапот се залепи до Сања Кужет!

(ФОТО) Македонец импресионираше во „Ѕвездите на Гранд“, а по настапот се залепи до Сања Кужет!

Во секоја сезона од популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, дел од Македонците кои се појавуваат, го импресионираат жирито со својот талент и вокални способности.

Минатата сезона охриѓанецот Ристе Ристески ја однесе победата, а и во новата сезона имаме кандидат кој уште од своето прво претставување, ветува за понатаму.

Станува збор за младиот пејач Оглен Здравковски, инаку внук на познатиот виолинист Зоран Џорлев, која во првиот круг од својот настап ги освои симпатиите на жирито и доби седум гласови.

Тогаш се претстави со две песни, „Tајно моја“  и „Звао сам је Емили“, а освен тоа што го воодушеви судиите и публиката, веројатно и се допадна и на водителката Сања Кужет со која направија едно „блиско“ селфи.

Како звучеше и изгледаше нашиот Огнен, погледнете во продолжение: