Радио Милева

(ФОТО) Младост лудост: Ања Ветерова се прошета низ град со изглед каков никој не би се појавил!

(ФОТО) Младост лудост: Ања Ветерова се прошета низ град со изглед каков никој не би се појавил!

Младата пејачка Ања Ветерова месецов се закити со наградата за ѕвезда што се раѓа на неодамна одржаната манифестасија „Македонски радиски фестивал“ за песната „Рам бам бам“.

Ања како преку ноќ од малечеко девојче се претвори во атрактивна девојка на сцената која ги следи светските музички трендови и сака да бомбардира во јавноста, особено со својот провокативен изглед.

Ветерова е активен корисник на социјалните мрежи, а најново објави дека добила наплив на голема храброст за да прошета низ град по пижами, односно во такво издание да се повози со автомобилот.

-Се возам наоколу по пижами, зашто не ми е гајле, напиша Ања во описот на приложеното каде носи розови пижами зад воланот, пее и се забавува додека се вози низ градот.

Ања е своја и посебна не само на сцената, туку каде и да се појави, а уникатноста е најзина верна сенка.