Радио Милева

(ФОТО) Ни шлицот не оди погоре кога Ања Ветерова ќе реши да провоцира!

(ФОТО) Ни шлицот не оди погоре кога Ања Ветерова ќе реши да провоцира!

Како  да беше вчера кога Ања Ветерова беше малечкото девојченце кое ја претставуваше Македонија на детската Евровизија.

Но, времето си лета, а Ања порасна во вистинска млада дама која упорно и посветено работи на својата музичка кариера.

Празничните денови таа ги помина во кругот на семејството, а пак своите следбеници на социјалните мрежи речи да ги „почести“ со неколку провокативни фотографии кои се повеќе зачестија на нејзините профили.

Па така, Новата 2о18 година Ања ја дочека во светкаво кусо фустанче, а пак потоа реши да позира во заводлива поза на домашната фотелја.

Шлицот од здолништето го раскопча со крај, а пак високите чизми допринесоа за уште попровокативен изглед и секако впечаток.

Самоуверена и секси, пејачката собра неколку стотици лајкови, повеќето од припадниците на посилниот пол, кои не останаа рамнодушни на глетката.