Радио Милева

(ФОТО) Ретко кој знаеше дека е бремена: Македонската водителка се породи на Бадник, бебенцето доби уникатно име!

(ФОТО) Ретко кој знаеше дека е бремена: Македонската водителка се породи на Бадник, бебенцето доби уникатно име!

Како со свршувачки, така и со новородени бебиња почна Новата 2018 година.

Водителката на емисијата „Фолк естрада“, Криси Тимовска за првпат се оствари во улогата на мајка.

Криси не од оние активните на социјалните мрежи, па само малкумина знаеја дека таа е во блажена состојба и чека бебе.

Убавата вест, дека се породила и на свет донела девојче ја сподели на фејсбук за големиот празник Бадник, па наместо да се пофали со паричка, таа обелодени нешто поголемо.

Бадниковата вечер не можела да биде поубава за неа и нејзиното семејство, со доаѓањето на малечкото бебенце кое доби модерно име – Ирис.

Инаку, Криси и својот сакан Васил се венчаа кон почетокот на месец октомври 2016 година.