Радио Милева

(ФОТО) Сашко Коцев славеше роденден и за првпат во животот го доби најубавиот подарок!

(ФОТО) Сашко Коцев славеше роденден и за првпат во животот го доби најубавиот подарок!

Актерот Сашко Коцев и неговата сопруга Смиљана кон почетокот на месец октомври ја добија својата ќеркичка Јоана и за првпат се реализираа во улогата на родители.

Овој месец ноември, Сашко повторно имаше повод за славење, односно својот 36-ти роденден го дочека во улога на татко.

Не треба многу да се објаснува за талентот и духовитоста на нашиот популарен актер, кој преку својот Фејсбук профил и овој пат изнасмеа неколку илјадници од своите следбеници на социјаната мрежа Фејсбук.

Имено, тој им се заблагодари на своите пријатели и фанови кои му го честитаа роденденот, а притоа со фотографија покажа дека го добил најубавиот подарок за овој роденден – честитка од ќеркичката Јоана. Па така, иако е бебенце, таа „успеа“ да му напише честитка на тато и да го израдува со најубавиот подарок во животот.

-Почна малата да пишува, умна на тато!, гласи еден од коментарите под фотографијата со која Сашко како и уште еднаш се покажа со својата оригинална духовитост.

Среќен роденден!