Радио Милева

(ФОТО) Водителката на „Брза кујна“ во фустан за бремени: Марк ја праша дали има нешто „големо“, а еве што таа му одговори…

(ФОТО) Водителката на „Брза кујна“ во фустан за бремени: Марк ја праша дали има нешто „големо“, а еве што таа му одговори…

Секој работен ден на телевизија Сител, љубителите на готвењето и вкусната храна, имаат можност да ги гледаат брзите и вешти шефови Марк и Никола, предводени од домаќинката, водителката Александра Илиевска.

Оваа шармантна тројка секојдневно ги релаксира гледачите, а веќе трета сезона само повеќе го наголемуваат рејтингот на гледаност и имаат нова публика, од најмали, па се до пензионери.

Ако Марк и Никола се покажуваат во својата маестралност во кујната, Александра е тука за да ги претстави гостите, да најви што ќе се приготвува, но и да покаже каква модна комбинација има на себе.

Во една од поновите емисии, таа се појави во широко бохо фустанче со цветни детали, од кое Марк помисли дека нешто се крие во нејзиното стомаче.

Кога тој го спомена тоа, Александра веднаш негираше дека е во блажена состојба, но дека моделот на фустанчето може да го носат бремени, како и сите оние дами кои обожаваат таков стил.

Вистина или не, Марк ја начна темата, па можеби наскоро и фустанчето навистина ќе го полни стомачето на Александра, можеби од храна, но можеби и од бебенце.

Инаку, Александра Илиевска е во брак со сопругот Александар од месец јули 2016 година.