Радио Милева

Кога ќе пораснат ти се чаталат… Сузана Турунџиева со емотивна порака и фоторграфија до ќерка си Лора!

Кога ќе пораснат ти се чаталат… Сузана Турунџиева со емотивна порака и фоторграфија до ќерка си Лора!

Со фотографија направена пред околу две децении, писателката, водителка и музичар Сузана Турунџиева напиша емотивна порака до својата ќерка Лора со која разнежни и допре многу мајчини срца.

Со малото бебенце во рацете и значително помлада од сега, Сузе се сети на времето кога ја роди Лора и по тој повод напиша:

Кога се мали, ги носиш во раце, кога ќе пораснат ти се чаталат… тркало на животот, гласи објаснувањето на фотографијата која доби неколку стотици допаѓања.

Лора не додржа, а да не и возврати на мама Сузе, па на нејзиниот ѕид од профилот на Фејсбук и одговори:

Драга мамо… Независно колку сум стара, секогаш ќе бидам твоето малечко, детето кое го носеше во твоите раце. Се смеевме и плачевме и многу се забавувавме. Ти секогаш знаеш како се чувствувам, ме сакаше тогаш, и се уште е така, за целата твоја љубов морам да кажам- те сакам мамо и секогаш ќе биде така, напиша Лора.

Секако, ова најмногу ќе го разберат мајките и нивните деца…