Радио Милева

Манекенката преокупирана со специфична литература: Знаете ли што чита Катарина Ивановска?

Манекенката преокупирана со специфична литература: Знаете ли што чита Катарина Ивановска?

Таа дефинитивно е една од најубавите Македонки… и најпознати, секако! И тоа не само дома туку и надвор, за што свеочат нејзините бројни ревии, серијали, фотоедиторијали, сесии… Топ модел од светска класа, а наша!

Катарина Ивановска сепак во моментов не е на модната писта. Преокупирана е со многу поважни нешта. Во моментов се едуцира со специфиична литература. Нееее…. не е за да не каже некој дека манекенките се „неуки“… Никако! Во прашање е нешто сосема друго! Поважно и попотребно! И за неа и за тој заради кого и се едуцира! Знаете ли што чита популарната Кики во моменетов? Кики чита Бебе готвач! Здрави рецепти за здрави бебиња и деца!

Имено, откако лани кон крајот на мај на свет го донесе своето синче Вања, таа е преокупирана со него и неговото здравје и растење.

А за здраво и силно бебе, потребна е и здрава храна… Витамини, минерали, протеини, јаглехидрати… Ама, како сето тоа да се нивелира, како да се избалансира, во кои количини и што со што оди и како се подготвува?

Е затоа Кики, како вредна и посветена мајка си набави стручна литература. Бебе готвач! Јаболче и крувче треба да е јаде, кокосово масло треба да се пие… и се разбира сето останото што ќе го направи бебето здраво и напредно, а мајката среќна и задоволна!