Радио Милева
Можеби сте нејзин тип

Наташа Шавија во секси розов корсет и еротски набој од кој мажите се ежат, објаснува какви мажи и „лежат“! (ФОТО 18+)

Наташа Шавија во секси розов корсет и еротски набој од кој мажите се ежат, објаснува какви мажи и „лежат“! (ФОТО 18+)

Новопечената  модна дизајнерка, некогашна старлета и учесничка во реалните шоуа, суперсексапилната   Наташа Шавија со нова, празнична  еротска фотосесија, во која изгледа ултрасекси. Покрај сето она што го открива, за што може да се каже дека е „празник за сите сетила“, таа ги открива и целите кои ги зацртала да ги постигне во текот на 2018 година, како зошто никогаш повеќе не би учествувала во реално шоу, каков тип на мажи сака, и дали би сакала да има деца и со кого…?

„Што се однесува ро релните шоуа, никогаш не вели никогаш, бидејќи секогаш кога ќе кажам категорички – НЕ, животот ме демантира… Сепак, сега, гледано од оваа перспектива повторно не би учестувала. работата околу новата колекција и долгото отсуство од дома  да не бидам со семејството, не би ми го дозволиле повторно“ – вели атрактивната Шавија.

Мажите ме доживуваат на различни начини. Некои се нервозни, други имаат трема, некои се плашат медиумското  внимание па се двоумат дали да ми пријдат, а знам дека се распрашуваат за мене, но најчесто сетоа тоа е позитивно и симпатично. Досега, не наидов на негативен пристап. Во суштина, забележувам дека тие прават напори да го привлечат и задржат моето внимание, што секако, мене ми импонира“ – објаснува Шавија за тоа како реагираат мажите на неа.

„Кога е во прашање физичкиот изглед, јас преферирам тип на мажи со кафена коса и сини очи, но се разбира, физичкиот изглед ми е најмалку важен во целата приказна. Како што сум постара, толку повеќе ми се важни  некои други работи, како што се да биде внимателен кон мене,  да можам да се опуштам и уживам во негово друштво, да  биде пријатен и духовит и првенствено да ми биде како близок другар. Со таков маж би можела да имам и потомство“ – завршува Наташа, појаснувајќи каков тип мажи најмногу и „лежат“.

А Вие проверете и преиспитајте се… Можеби сте токму еден од нив… Нејзин тип!