Радио Милева

Ова се нештата од кои Меган мора да се отакже поради бракот со принцот Хари!

Ова се нештата од кои Меган мора да се отакже поради бракот со принцот Хари!

Убавата актерка Меган Маркл мора да остави некои работи од својот живот зад себе поради новиот живот со принцот Хари во Лондон. По 16 месеци врска со Хари, актерката ја обелодени нивнта свршувачка, а неколку часа по објавата двојата го даде и првото заедничко интервју. Во текот на интервјуто Меган инсистираше на тоа нивната заедница да не подразбира одрекување од било што.

-Јас тоа го гледам како промена, кажа Меган. Актерката која ќе се омажи за внукот на Кралицата во мај, тоа го мислеше во врска со серијата „Suits“ која ја напушти, каде ја играше улогата на Рејчел Зејн. Но, напуштањето на серијата на која работеше седум години, не е единственото што мора да го направи. За да започне живот со принцот Хари таа мора многу да жртвува.

Според пишувањето на таблоидите, свесна е дека ова е крај на нејзината кариера во шоубизнисот. Таа мора да да се раздели и со еден од милениците, кој трајно го пресели кај пријатели. Се верува дека лабрадорот Богарт е престар да го издржи патот до Лондон. Меган се откажа и од добротворните активности и се фокусира на оние во палатата. Мораше да отстапи и од здружението на женски адвокати , бидејќи кралскиот живот мора да го започне како табула раса.

Наскоро треба да го почне патувањето со принцот Хари низ различни градови ширум светот, да учествува во разни кампањи и да се состане со доста организации. Венчавката е закажана за месец мај, бидејќи на војводката Кејт Миделтон и треба време да се опорави од третото породување кое се очекува за април.