Радио Милева

По многуте шпекулации во медиумите Емина Јаховиќ проговори за разводот!

По многуте шпекулации во медиумите Емина Јаховиќ проговори за разводот!

Пејачката Емина Јаховиќ се пошегува во екот на шпекулациите дека се разведува од сопругот Мустафа Сандал со кој има два сина.

Иако ги демантираше ваквите пишувања нарекувајќи ги како ноторна лага, нејзините постапки го говорат спротивното.

Прво, без сопругот правеше промоција на новиот албум, за по неколку дена да замине без него со синовите на зимување.

И додека јавноста шпекулира дека е видена со поранешниот, Емина не отстапува од своето тврдење.

-Приказните кои се пласираат во медиумите и тоа како ме насмеаја, особено оние за поранешниот. Мислам дека можеа да смислат нешто пооригинално, зашто јас тој човек не сум го видела 10 години, вели Емина.