Радио Милева

По теркот на светските ѕвезди: Нина го покажа голото трудничко стомаче среде зима, а Борко тренираше… не да го чува голот, туку да чува дечиња! (ФОТО+ВИДЕО)

По теркот на светските ѕвезди: Нина го покажа голото трудничко стомаче среде зима, а Борко тренираше… не да го чува голот, туку да чува дечиња! (ФОТО+ВИДЕО)

Новогодишните празници освен за славење се згодна прилика да се овековечат незаборавните моменти со блиските, саканите, пријателите, роднините, семејството…

Тие двајца иако официјално се’ уште не се семејство, каде и да е за неполни два месеци ќе бидат. Македонскиот ракометен репрезентативен чувар на мрежата Борко Ристовски и неговата сакана Николина, наскоро за прв пат ќе станат родители. Ова беше нивната Нова година кога беа двајца, а всушност беа тројца…

Затоа убавата Нина реши, по теркот на светски познатите ѕвезди да направи летна фотографија во зимски услови. Имено, идната мајка го покажа  голото трудничко стомаче среде зима. За спомен и сеќавање на Новата година пред првата рожба.

Претходно, Нина и Борко ги славеа новогодишните празници во предновогодишно расположение. Гостилница, богата трпеза, интимна, романтична атмосфера и… чаша вино по избор! Ако е вистина дека: „Во виното е вистината“, тогаш Вистина.мк  преку оваа фотографија ја потврдува тезата. Само што нејзината вистина, во случајов се вика Борко!

Кога сме веќе кај него, пред да ги започне напорните подготовки со репрезентацијата за претстојното Европско првенство во Хрватска, за новогодишните празници Борко сепак тренираше… Нееее… не да го чува голот на Македонија, тоа го знае совршено. Овој пат „тренираше“ да чува дечиња. Од потесното семејство! И мора да признаеме, воопшто не му оди лошо! Напротив! Знае човекот, дека неподготвен не се влегува во ништо, па дури ни во татковството, кое наскоро го чека!