Радио Милева

Сара Мејс: Ем домаќинка во домот, ем мераклика… на микрофон! (ФОТО)

Сара Мејс:  Ем домаќинка во домот, ем мераклика… на микрофон! (ФОТО)

Македонската поп пејачка и харфистка Сара Мејс имаше година за паметење. И на приватен и на професионален план!

Го издаде својот деби албум „Floating through space with Sarah Mace“, имаше свој солистички концерт, на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2017  се закити со награда за најслушан радиски диско хит…

На приватно поле, ја озваничи својата врска со водителот Димитар Атанасовски во брак и ако тие и пред тоа живееја заедно. А кога ќе заплови во брачните води, покрај работните обврски, се планира и семејството! Заради тоа домот навреме треба да се подготви и секако, поднови.

А Сара,  Сара како и секоја жена – домаќинка, прво започна од кујната. Нема лабаво – има само ново лавабо,  и нова чешма. Ама како госпожа Мејс не е падната од „ѕрасе“, знае дека и покрај домаќинлукот, перењето, пеглањето, чистењето… врвен приоритет и останува пеењето.

Па затоа реши да го спои убавото и корисното: да биде распеана домаќинка! Како за пеење, па макар и по дома и треба микрофон, Сара тргна да бара, па си најде, компромисно решение:  Кујнска чешма, што личи на микрофон! Можеби е за на плеј-бек, ама ако!

Сега Сара ќе може ем да пее, ем да пере. Или поточноо, ем да мие садови, ем да вежба за концерти по другите градови!