Радио Милева

Сара Мејс „пукна“ на Фејсбук: Срам од себе не ви е?

Сара Мејс „пукна“ на Фејсбук: Срам од себе не ви е?

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски како и секоја зимска сезона така и оваа замина за Бугарија, каде моментално уживаат во планината и снегот.

За Димитар зимувањето не би било комплетно ако тоа не го објави со фотографии на социјалните мрежи, барем така вели, а пак Сара иако отиде да спортува и да се релаксира, сепак нешто успеа да ја изнервира до толку што и таа реши да го „плукне“ своето незадоволсво на Фејсбук.

-Како спиете навечер бе? Стварно сте лабави? Срам од себе не ви е? Се се гледа, говеда – напиша Сара во една од своите последни објави, а иако некои од пријателите веднаш со коментар ја прашаа за што се работи, за неа објавеното беше сосема доволно за оние кои го иницираа, да се препознаат.

На фотографиите од зимувањето во Пампорово изгледа среќна и исполнета, а веруваме дека при толку природна убавина и љубовта до себе, на нервозата и ненадоволството, крајот брзо ќе им дојде.