Радио Милева

Сестрата на Меган Маркл се навреди од изјавата на принцот Хари, па му возврати!

Сестрата на Меган Маркл се навреди од изјавата на принцот Хари, па му возврати!

Полусестрата на американската актерка Меган Маркл реагираше на изјавата на принцот Хари дека неговата свршеница „конечно има семејство кое никогаш го немала“.

Хари во неодамнешното интервју изјави дека Меган одлично се согласува со кралицата Елизабета, но и со остатокот од кралството, како и тоа дека ужива во Божиќните празници со нив.

Набрзо се огласи и полусестрата Саманта Маркл велејќи дека актерката растела во големо семејство и дека исклучиво нејзина желба била да се дистанцира од нив.

Саманта и Меган се сестри по татко, а таа истакнува дека вратата на нејзиниот очув е секогаш отворена.

-Нашето семејство е нормално и кога тато и Дорија се разведоа, секогаш имаше два дома. Никој од нас не ја оддалечи, едноставно таа секогаш беше зафатена, објаснува 52 годишната полусестра на идната британска војвотка.