Радио Милева

(ВИДЕО) Лозано „Ова лето ќе го памти“, па затоа и се залепи на старата љубов!

(ВИДЕО) Лозано „Ова лето ќе го памти“, па затоа и се залепи на старата љубов!

На прашањето по која песна најмногу ќе го паметиме летото 2017-то во Македонија, многумина, а особено љубителите на македонската музика би кажале дека тоа е „Ова лето ќе се памти“ на поп пејачот Влатко Лозановски.

Есенва пак, на 14-ти ноември во МОБ по 10 –ти јубилеен пат ќе се случи Македонскиот радиски фестивал или попознат како МАРС каде и годива повторно ќе продефилираат најголемите домашни хитови и нивните изведувачи.

Меѓу нив како и секогаш е Лозано кој низ годините наназад освои неколку статуетки на МАРС, а секако овој пат ќе биде дел од забавата со песната „Ова лето ќе се памти“ која стана голем хит изминатите неколку месеци.

Влатче на големо работи за тоа публиката да гласа за неговата песна на радискиот фестивал,  а во меѓувреме е доста активен на социјалните мрежи објавувајќи фотографии и видеа, на едните е во природа, додека на другите е во студио заедно со неговиот долгогодишен соработник Лазар Цветковски.

Инаку, ова лето сигурно ќе го памти по многу нешта, што убави, што помалку добри, но едно е сигурно, Лозано е залепен на старата љубов – музиката и студиото кои како и досега му донесоа доста успеси и радост.


Доколку сакате да го даде својот глас за некој од вашите омилени македонски музички ѕвезди, тоа можете да го направите на фејсбук страницата на МАРС.