Радио Милева

Знаете ли кој наш пејач пее во рекламата за најпознатиот безалкохолен пијалак на светот? (ВИДЕО)

Знаете ли кој наш пејач пее во рекламата за најпознатиот безалкохолен пијалак на светот? (ВИДЕО)

Во предвечерието на секоја Нова година и Божиќ, покрај целата претпразнична и празнична еуфорија која ги зафаќа луѓето, покрај трговците и медиумите се тие кои истио така сакаат да се вклопат во празничното „лудило“.

Едните со своите марки и брендови брендирани во знакот на Нова година, Божиќ, накитената елка, Дедо Мраз и неговата санка со ирваси, Снешко, Рудолф…  додека медиумите, особено електронските, неизбежно се „накитени“ со новогодишни и божиќни реклами, со кои ги преплавуваат гледачите. Окото полно со блескавило, бои, украси и убавини, во ушите постојано одѕвонува неизбежната „Џингл бел“… и нема промашување. И трговците сити и телевизиите исто така и гледачите на број… и повеќе од тоа!

Меѓу сите останати, една реклама е секоја година можеби највпечатливата, зашто го рекламира најголемиот и најпознат светски производител на најпродаваниот безалкохолен пијалак на светот. Веруваме, погодувате… Нивните реклами секогаш се вчудовидувачки, помпезни, фасцинантни, соршени… ако совршенство постои! И што е најважно, секаде каде што се емитуваат се преведени на официјалниот јазикот на земјата во која се емитуваат. Ако уште има и музика во рекламата, сонгот го пее една позната домашна музичка ѕвезда.

Сте се запрашали некогаш, кој ја пее песната или поточно сонгот кај нас, токму во актуелната годинешна реклама за најпопуларниот безалкохолен пијалак на светот?

Можеби гласот, односно вокалот ви звучи познато, само што не сте обрнале доволно внимание или не сте навикнале да го слушате во реклами, туку повеќе ги слушате неговите хитови? А ги има многу! И е многу познат!

Темата во рекламата му е зимска, иако годинешниов апсолутен македонски радиски хит и официјално прогласен од сите домапшни радиостаници на МАРС 2017 е негов и е летен.

„Ова лето ќе се памти“, а можеби отсега и оваа зима по него и неговиот глас… А тој во рекламата за „Кока Кола“ му припаѓа на Влатко Лозаноски!

🎄🎆🎁

A post shared by Лозано – Влатко Лозаноски (@vlatkolozanoski) on