Живот и Стил

Едно од најубавите места во светот нуди 10.000 долари месечно за работа, а не ви треба ниту диплома

Едно од најубавите места во светот нуди 10.000 долари месечно за работа, а не ви треба ниту диплома
Ако барате добро платена работа и прошетка по светот, тогаш овој оглас е за вас. На страната на Kankun.com се појави оглас за работници за плата од 10.000 долари месечно. Работното место е туристички промотер.
Се работи во преубавата дестинација Канкун, на атрактивни туристички дестинации во Јужна Америка, а од кандидатите се бара да останат 6 месеци таму, а не ви треба ни диплома, ниту искуство во работата.
Треба да бидете друштвени и динамични, а да знаете англиски и шпански јазик и се што треба е да сте промотер на убавините и туризмот на Канкун. Потребно е да ги прошетате убавините на Канкун, да ја спознаете културата, хотелите, дестинациите, и да ја истражувате џунглата, а секако да пишувате за тоа и да објавувате фотографии.
Сајтот до 25. декември ќе ги одбере најдобрите, кои треба да испратат видео зошто тие се вистинските кандидати за работното место и да го пратат до 17. декември.
извор:сител.мк