Живот и Стил

Шокантана изјава на германски доктор нобеловец: Рак се добива од овие две намирници

Шокантана изјава на германски доктор нобеловец: Рак се добива од овие две намирници

Германскиот научник и добитник на Нобелова награда во подрачјето на физиологијата, Харалд зур Хаузен, предупредил дека слабо проучен вирус, кој се среќава кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето.

“Сметам дека домашните животни можат да бидат директни предизвикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци кои одат во прилог на оваа хипотеза. Меѓутоа, ова треба допрва да се потврди”, рекол Хаузен.

И други научници и претходно предупредувале дека употребата на црвеното месо – говедско, телешко, коњско, овчо и свинско – го зголемува ризикот од добивање на колоректален рак. Но, Хаузен тврди дека опасноста доаѓа само од говедското месо, но и, колку и да звучи неверојатно, од кравјото млеко.

“Традиционалното објаснување е поврзано со подготовката на месо за јадење на скара, а од таму се изведени и тврдењата дека тоа доведува до рак. Исти такви канцерогени клетки се образуваат и при готвење на риба и пилешко месо, а никој не мисли дека со употребата на вакво месо се зголемува ризикот за рак на дебелото црево”, нагласува научникот.

Тој открива и дека во своето истражување посебно посветил внимание на тоа дека во Монголија се јаде многу црвено месо, а дека рак на дебело црево се среќава многу ретко, како и во Индија, каде говедското не се јаде од верски причини. Хаузен исто така вели дека нивото на колоректални заболувања од рак нагло се зголемило по Втората светска војна.

Тој е уверен дека тоа е најдиректно поврзано со тоа што во тие земји станало популарно увезеното говедско месо. Германскиот научник додава и дека во споменатите азиски земји многу ретко се среќава и ракот на млечните жлезди, затоа што таму во исхраната минимално се користи кравјото млеко и млечните производи.

Хаузен во научното списание “International Journal of Cancer” објавил дека проучувал примероци од крв и млеко од крава и дека во нив открил елементи на ДНК кои може да припаѓаат на непознат вирус, кој би можел да причина за рак.

извор:точка.мк