четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

Секој сврти поглед да го види ова чудо: Јоце Панов го проба најуникатниот превоз во Скопје!

nas

Тој е еден од најпостојаните пејачи на домашната естрада, а годинва го слави јубилејот од 10 години постоење на забавната сцена. Поп пејачот Јоце Панов за својата кариера и музиката вели дека ја принесува најголемата жртва, бидејќи истата е неговиот живот што секојдневно го впушта во нови предизвици, препреки, но и резултати кои го мотивираат да работи како и досега.

Периодов, Јоце особено го зголеми темпото на работа, така што редовно можеме да посведочиме на неговите нови песни, спотови, соработки, не само кај нас туку и во регионот. Како и секогаш, така и овој пат Јоце без дилема прифати да биде наш соговорник и на кафе средба од центарот да Скопје да прифати една поинаква авантура на плоштадот Македонија.

 

Опстојуваш на македонската забавна музичка сцена речиси една деценија. Во тој долг период, колкава беше жртвата да се остане актуелен на македонското музичко небо?

Оваа година е точно 10 години од моето официјално појавување на нашата сцена, на Макфест 2006 со “Сродни души”. Целиот мој живот го посветив на музиката и на мојата кариера како пејач.

Можеш да се пофалиш со бројни награди и учества на престижни фестивали надвор од земјава. Колку истите кај нас ти помогнаа да ги зголемиш сопствените критериуми како изведувач?

Досега сум учествувал на околу 15 фестивали надвор од Македонија и сум успеал да освојам награди на сите тие фестивали. Кај нас за жал до сега имам освоено само една награда Гран При на Евро Фест 2010. Наградите што ги добив надвор од земјава ми помогнаа лично за зголемување на мојата самодоверба и ми беа одличен стимул за да продолжам со ова што го работам. За жал, кај нас успехот на еден уметник остварен надвор од земјата, не е доволно вреднуван и оттука не може директно да влијае врз зголемување на критериумите на пејачите.

Годинава се обиде да експериментираш во музиката и сними дует со Наум Петрески. Од каде оваа идеја за ваква промена, може ли да очекуваме нешто слично во иднина?

Ми претставуваше голема чест да снимам дует со таков пејач како што е Наум Петрески. На наше обострано задоволство ја снимивме песната “Потроши”. Кога станува збор за моите идни песни, дуети, стилови на музика…. ќе има уште многу изненадувања.

TON_0788

Редовно ја комплетираш речиси секоја твоја песна со видео спот. Меѓу најновите е оној за „Кој знае каде си“ и српската верзија со наслов „Ало бре“ во режија на Дејан Миличевиќ. Во време кога не многу се снимаат спотови, кој е фитбекот што го добиваш од ова активно екранизирање на приказните од песните?

Музиката денес освен тоа што се слуша, и се гледа. Денес сè е сведено на маркетинг. Денес мораш да вложуваш многу и да го чекаш фидбекот од својот труд и вложување.

Го промени и имиџот, а во истиот забележителни се тековните модни трендови. Колку Јоце ја следи модата и кој ти помага околу ова?

Дејан Миличевиќ ми помага многу, но и јас самиот премногу ја сакам модата, уживам да одам во шопинг, секојдневно да си купувам нови модни парчиња.

Бидејќи си перманентен во работата, што со настапи, што учество на фестивали, нови песни. Како наоѓаш време да се менаџираш самиот и што е следно на твојата професионална агенда до крајот и по завршувањето на летото?

Во Македонија се менаџирам самиот, со помош од мои пријатели кои ми помагаат во договарање настапи, емисии, а за Србија, Босна, Црна Гора и Хрватска задолжен е мојот менаџер Саша Обрадович. Доколку сè излезе онака како што е планирано, на почеток на есента треба да го објавам мојот трет албум на српски и македонски јазик, со големи промоции во Скопје и Белград.

TON_0817

Имавме чест да го прифатиш нашиот предизвик за едно поинакво интервју, односно да го искусиш актуелниот гаџет на две тркала Сагвеј. Колку си отворен за предизвици и авантури?

Ова беше преубаво и ново искуство за мене, многу сакам да откривам нови моменти, сакам авантури, сакам работи кои ми кои качуваат адреналинот.

Се покажа одличен на Сагвеј, го посакуваш ли за секојдневна примена?

Едноставно е заразно и посакуваш веднаш да го имаш за себе и да се движиш со него секој ден.

TON_0843

Повеќето од твоите колеги кои го пробаа Сагвеј посакаа да снимаат спот со оваа револуционерна направа. Каква идеја ти падна на памет додега го возеше?

Едноставно уживав и не сакав да се симнам од него. Ме врати во детските денови и искрено одлична е идејата да се снима спот со оваа револуционерна направа.

Како би го препорачал на останатите?

Ова е најекономично, најпрактично и најеколошко превозно средство, секој што има можност треба да го има и да ужива секојдневно исполнувајќи ги обврските низ градот.

TON_0890

TON_0855

TON_0830

#Коментари
[fbcomments]