вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 57

Стојчев: За геноцидот врз албанскиот народ во Македонија година не постојат историски факти

За геноцидот врз албанскиот народ во Македонија од 1912-1956 година не постојат историски факти, такво нешто според науката не е верифицирано и според тоа и не може никој да тврди дека се случило, вели за ТВ Нова универзитетскиот професор и воен историчар, Александар Стојчев.

stojchev

Тој целосно ја осудува албанската платформа и го отфрла, како што вели, странското мешање и притисоците кои се прават врз Македонија по објавувањето на таканаречената „Заедничка платформа на албанските партии“, напишана по диктат на официјална Тирана и Приштина, во која се бара усвојување на Резолуција во Собранието со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот меѓу 1912 – 1956 година.

Стојчев вели дека се прави манипулација со историјата како наука базирана врз факти во овие чувствителни и тешки моменти од кои зависи иднината на Македонија.

Професорот посочува дека во предметниот период на територијата на Македонија се водени повеќе војни меѓу кои и двете Светски. Потсетува дека Македонската држава е создадена на дел од територијата на Македонија во 1944 година, и оти во периодот меѓу 1912  и 1944 година не постои македонска држава, а народот кој живеел на оваа територија биле под власт на различни државни апарати, односно режими.

– Доколку и спротивно на историските факти некој во Македонија и понатаму се обидува да усвои ваква странска Резолуција за геноцид треба да биде свесен дека со тоа ќе треба да ги осуди за геноцид припадниците на мнозинските народи од државите кои во посочениот период имале власт во Македонија односно биле мнозинство во воениот и полицискиот апарат на таа држава, вели Стојчев.

Професорот и воен историчар во гостувањето на ТВ Нова посочи за кој период, која држава и чиј народ, Македонија ќе треба да осуди доколку ја прифати албанската платформа.

-од октомври 1912 година до септември 1915 година ќе треба да го осудиме Кралството Србија, односно српскиот и црногорскиот народ за геноцид во Македонија,

-од септември 1915 – септември 1918 година ќе треба да го осудиме Царството Бугарија, односно бугарскиот народ за геноцид во Македонија

-од 1918 година до 1929 година ќе треба да го осудиме Кралството на Србите Хрватите и Словенците односно српскиот, хрватскиот и словенечкиот народ за геноцид во Македонија

-од 1929 до 1941 година ќе треба да го осудиме Кралството Југославија односно повторно Србите, Хрватите, Словенците, Црногорците за геноцид во Македонија.

-од 1941 до 1944 година ќе треба да ги осудиме окупаторските режими на Германија, Италија и Бугарија во Македонија, или германскиот, италијанскиот и повторно бугарскиот народ за геноцид во Македонија.

-по 1944 година ќе треба да ги осудиме за геноцид македонските партизани односно нашите претци, нашите дедовци кои ја создадоа македонската државност на АСНОМ 1944 година и кои раководеа со Македонија до посочената 1956 година, вели Стојчев.

Извор: Курир

#Коментари