среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 21

Масовен протестен марш ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Крива Паланка

Граѓаните на Крива Паланка и вечерва излегоа масовно на улиците на градот давајќи поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

kriva palanka

Единаесетти пат по ред од Крива Паланка беше упатена порака за зачувување на суверенитетот, отфрлање на тиранската платформа и неприфаќање на двојазичност. Се маршираше од поранешен Далфис, низ старата градска чаршија, долж главната улица Свети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот се до зградата на локалната самоуправа. Протестот заврши со собир на плоштадот Карпошово Востание од каде беше порачано дека маршевите продолжуваат до отфрлањето на тиранската платформа.

Граѓаните мирно се разотидоа, а за утре најавија нов протестен марш.

Вечерва за првпат се одржа марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ и во општина Ранковце

извор:Курир.мк

#Коментари